Претседателот Ердоган го соопшти датумот на вакцинација од Ковид-19 во Турција

Претседателот Ердоган информира дека до крајот на неделата со завршување на фазите на тестирање во четврток или петок (14 или 15 јануари, 2021 година) ќе започне процесот на вакцинација во Турција, според утврдениот редослед на приоритетни групи

1561702
Претседателот Ердоган го соопшти датумот на вакцинација од Ковид-19 во Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по вчерашниот состанок на претседателскиот кабинет се појави пред камерите и даде значајни изјави.

Претседателот Ердоган истакна дека на состанокот беше направена проценка на точката до која е дојдено во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и привлече внимание на тенденцијата на пад во бројот на смртните случаи и случаите на новозаразени.

Ердоган информира дека до крајот на неделата ќе се започне со вакцинација против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција.

Претседателот Ердоган уште еднаш го нагласи значењето на личната хигиена во борбата против вирусот и информира дека во Турција се донесени 3 милиони дози вакцини од Кина и дека со завршување на фазите на тестирање во четврток или петок (14 или 15 јануари, 2021 година) ќе започне процесот на вакцинација, според утврдениот редослед на приоритетни групи.

„Со опаѓање на бројот на случаите под одредена бројка, како што направивме и порано секако постепено ќе ги намалиме ограничувањата.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести