МНР: 61-та рунда разговори помеѓу Турција и Грција ќе започне на 25 јануари во Истанбул

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува следното: „61-та  рунда од разговорите за зближување (експлораторските или истражувачките разговори) ќе се одржи на 25 јануари 2021 година во Истанбул“

1561718
МНР: 61-та рунда разговори помеѓу Турција и Грција ќе започне на 25 јануари во Истанбул

61-та рунда од разговорите за зближување (експлораторските или истражувачки разговори) помеѓу Турција и Грција ќе се одржи на 25 јануари во Истанбул.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува следното: „61-та  рунда од разговорите за зближување (експлораторските или истражувачките разговори) ќе се одржи на 25 јануари 2021 година во Истанбул.“

Турција и Грција разговорите за зближување (експлораторските или истражувачките разговори) за подготвување на основата за „праведно, трајно и сеопфатно“ решение за проблемите во Егејот коешто ќе биде прифатливо и за двете страни, ги започнаа на 12 март 2002 година во Анкара.

Последната 60-тата рунда од овие разговори коишто беа водени помеѓу потсекретарите на министерствата за надворешни работи на двете земји се одржа на 1 март 2016 година, во главниот град на Грција, Атина. Потоа овие разговори беа суспендирани од страна на тогашната грчка Влада, по што беа продолжени во форматот на политички консултации, но не беа вратени во експлоатроска односно истражувачка рамка.

Министерот за надворешни работи Мевкут Чавушголу во дадената изјава вчера во Анкара го рече следното: „Ја повикуваме Грција на експлоратроски (истражувачки) разговори, за одржување на првиот состанок во текот на месец јануари.“

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис пак, истакна дека како што рече „доколку биде утврден датумот на експлораторските (истражувачките) разговори со Турција, ќе учествуваат на овие разговори“.

 



Слични вести