Мевлут Чавушоглу: Ние нашата иднина ја гледаме во Европа и неа сакаме да ја изградиме заедно
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Дворецот Чанкаја на амбасадорите на европските земји во Анкара им се обрати со зборовите: „Ние нашата иднина ја гледаме во Европа и неа сакаме да ја изградиме заедно“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Дворецот Чанкаја се состана со амбасадорите на европските земји во Анкара.
Чавушоглу во говорот што го одржа овде, истакна дека Турција својата иднина је гледа во Европа и посакува оваа иднина да се изгради заедно.
Тој посака 2021 година да биде година во која ќе завладеат солидарноста, мултилатералноста, дипломатијата и дијалогот.
Осврнувајќи се на односите меѓу Турција и Еврпоската унија (ЕУ), министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека се одлучни по прашањето на ставање во примена реформската агенда и го рече следното: „Европската унија (ЕУ) треба да не поддржи. Ние нашата иднина ја гледаме во Европа и неа сакаме да ја изградиме заедно.“
Слични вести

Турција плаче и тагува за хероите кои загинаа во хеликоптерската несреќа
Претседателот оствари телефонски разговор со семејството на херојот генерал-потполковник Осман Ербаш