Ердоган: Приговараме на обидите да бидеме заробени на нашите крајбрежја преку максималистички карти

ретседателот во дворецот Чанкаја во Анкара се состана со амбасадорите на европските земји во Турција на кои им се обрати со зборовите „Приговараме на обидите да бидеме заробени на крајбрежјата на нашата земја преку максималистички карти“

1562153
Ердоган: Приговараме на обидите да бидеме заробени на нашите крајбрежја преку максималистички карти
Erdoğan Büyükelçi.3.jpg
Erdoğan Büyükelçi.2.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во дворецот Чанкаја во Анкара се состана со амбасадорите на европските земји во Турција.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде рече: „Приговараме на обидите да бидеме заробени на крајбрежјата на нашата земја преку максималистички карти кои немаат никаква валидност.“

Велејќи дека со затскривање зад изговорот на солидарност во Унијата се злоупотребува агендата меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), Ердоган продолжи со следните зборови: „Овој приод, од една страна ги заробува нашите коренити односи, од друга страна ја ослабуваат и претенциозноста на Унијата да стане регионална и глобална сила. Источниот Медитеран треба да го извадиме од простор на конкуренција и да го доведеме во состојба на басен за соработка којшто ќе биде во услуга на нашите долгорочни интереси.“

„Ја повикуваме Грција да се откаже од активностите за зголемување на тензијата“, рече претседателот Ердоган и наомена дека верува оти експлораторските (истражувачките разговори за зближување) ќе бидат предвесници на еден нов период.

Тој привлече внимание дека во последно време Европската унија (ЕУ) немаше никаков контакт со кипарско-турската страна и го рече следното: „Како, ЕУ би можела да одигра олеснителна улога во решавањето на Кипарското прашање. Веќе е разбрано дека од никоја равенка во која нема да заземат место Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), нема да произлезе мир во Медитеранот. Наместо повторно и повторно да разговараме за моделите коишто беа несупешни на Кипар, треба да дискутираме за нови и реални алтернативи.“ 

Осврнувајќи се и на исламофибичните приоди во Европа, претседателот Ердоган во својот говор рече: „Антиисламизмот, освен тоа што им се заканува на безбедноста на нашите приближно 6 милиони граѓани кои живеат во Европа, се претвора во една голема црна дупка и од аспект на европските вредности.“

Во врска со односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), Ердоган ја изнесе следната констатација: „Ние како земја, со долгорочна перспектива сме спремни за создадавње на позитивна агенда и за повторно сведување на колосек на нашите односи. Онака како што процесот на членство на нашата земја којшто трае веќе 60 години претставува стратешки избор за нас, и прифаќањето на нашата земја од страна на ЕУ во полноправно членство ќе претставува онтолошки избор од аспект на иднината на Унијата. Растечката неизвесност со Брегзит (излезот на Велика Британија од ЕУ) ќе може да се надмине само со заземање на своето место на Турција во европското семејство коешто го заслужува.“ 

Укажувајќи и на потребата од ажурирање на Царинската унија, претседателот Ердоган во својот говор рече: „Тоа треба да се изврши земајќи ги во предвид променливите реалности по прашањето на миграцијата и на начин на којшто ќе им се придаде доверба и интензитет на нашите односи.“

Тој потсети дека Турција не остави сама ниту една земја членка на НАТО по прашањето на борбата против тероризмот и го постави следното прашање: „Зошто другите земји на НАТО нас не оставаат сами?“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) го рече следното: „По добивањето на неопходните одобрувања за нашите домашни вакцини коишто се во фаза на експериментирање врз луѓе, ќе им ги ставиме во услуга на нашиот народ и на целото човештво.“

 



Слични вести