Ердоган: Не можеме да гледаме со доверба кон нашата иднина без да воспитаме млади кои ја знаат својата историја

Претседателот Ердоган рече: „Ние, застанувајќи во одбрана на нашите корени, нашата култура и историја се обидуваме да воспоставиме мост помеѓу минатото и иднината“

1562019
Ердоган: Не можеме да гледаме со доверба кон нашата иднина без да воспитаме млади кои ја знаат својата историја
Cumhurbaşkanı Erdoğan Ankara Geleneksel Sporlar Tesisleri Töreni .jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во Анкара говореше на церемонијата на отворање на новоизградениот комплекс на Младински и спортски клуб за традиционални спортови кадешто истакна дека не можеме да гледаме со доверба кон нашата иднина без да воспитуваме млади кои се познаваат себеси и ја знаат сопствената историја.

Велејќи „Ние, застанувајќи во одбрана на нашите корени, нашата култура и историја се обидуваме да воспоставиме мост помеѓу минатото и иднината“, претседателот Ердоган информира дека додека се водат обиди за заживување на спортовите на предците, се има за цел (културните, историските) вредностите да им се пренесуваат на новите генерации.

Ердоган напомена дека со тоа што нашите деца ги усмеруваме кон традиционални спортови како што се јавањето, борењето и стрелаштвото, всушност ги каниме да застанат во одбрана на својата историја.

„Им даваме поддршка на сите напори со коишто ќе биде надминато долгогодишното занемарување, ќе бидат промовирани спортовите на нашите предци и ќе се овозможи нашите деца да застанат во одбрана на сопствената историја. Не можеме да гледаме со доверба кон нашата иднина, без да воспитаме млади кои се познаваат себеси, ја познаваат својата историја, цивилизација, кои веруваат, кои располагаат со морал и доблест.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести