Антитерористичките операции „Молња“ се завршени, започнаа операциите „Ерен“ во чест на Ерен Булбул

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во новозапочнатата антитерористичка операција „Ерен-1 Тендурек“ учествуваат 1.071 припадник на безбедносните сили со 72 оперативни тимови

1562086
Антитерористичките операции „Молња“ се завршени, започнаа операциите „Ерен“ во чест на Ерен Булбул

Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека на 10 јануари се завршени операциите „Молња“ (Yıldırım) и дека во чест на 15-годишното момче Ерен Булбул кое во насеното место Мачка во близина на градот Трабзон во 2017 година беше убиено од страна на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, се започнати операциите „Ерен“.

Во објавеното соопштение на Министерството се истакнува дека во новозапочнатата антитерористичка операција „Ерен-1 Тендурек“ учествуваат 1.071 припадник на безбедносните сили со 72 оперативни тимови. 

Како што е соопштено, во рамките на операциите „Молња“ (Yıldırım) се неутрализирани 153 терористи, а се уништени и 707 пештери, засолништа, скривници и складишта.

Антитерористичките операции „Молња“ (Yıldırım) за кои е соопштено дека заклучно со 10 јануари се завршени беа наречени по Халил Ибрахим Јилдирим кој беше најмладото цивилно лице кое стана шехид (загина) за време на предавничкиот обид за пуч којшто беше реализиран на 15 јули 2016 година од страна на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопшти дека на антитерористичките операции коишто ќе продолжат и во текот на оваа година во чест на младото момче шехид (загинат) Ерен Булбул се наречени „Ерен“.

Министерот Сојлу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Рековме дека зимава нема да ја оставиме терористичката организација сама во пештерите. Земајќи ја со нас духовната сила на нашиот шехид (загинат) Ерен Булбул, ја додадовме неговата храброст ја нашата храброст. Операциите Ерен ги започнавме од Тендурек.“

Инаку, на 11 август 2017 година во населеното место Мачка кај градот Трабзон младото неустрашливо 15-годишното момче Ерен Булбул ги информираше безбедносните сили дека група терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК крадат храна при што во отворениот оган од страна на терористите малиот Еренб Булбул го загуби животот и стана шехид, а во огнот стана шехид (загина) и жандармерискиот подофицер постар водник Ферхат Гедик кој се испречи пред истреланите куршуми и се обиде да го одбрани малиот Ерен.

15-годишното младо неустрашливо момче Ерен Булбул пред да го постигне ова големо јунаштво на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја сподели објавата во која напиша „Никој не излегува да вели Добро е што те има Ерен“. 

Во чест на ова храбро младо момче кое без да трепне го положи својот живот за татковината, денеска на социјалните медиуми се споделуваат стотици илјади пораки со хаштагот „#Добро е што те има Ерен“ (#Erenİyikivarsın).

 



Слични вести