Во 2021 година ќе бидат предадени првите порачки на офанзивното беспилотно летало (ТИХА) „Акинџи“

Претседателот за одбранбена индустрија на претседателството проф. д-р Исмаил Демир истакна дека во 2021 година ќе бидат предадени првите порачки на офанзивното беспилотно летало (ТИХА)

1561158
Во 2021 година ќе бидат предадени првите порачки на офанзивното беспилотно летало (ТИХА) „Акинџи“

Во 2021 година ќе бидат предадени првите порачки на офанзивното беспилотно летало (ТИХА) „Акинџи“, ќе продолжи сериското производство на наоружаното бесплатно летало (СИХА) „Аксунгур“, а ќе започне предавањето и на првите порачки на офанзивниот хеликоптер „Атак Фаз-2“. 

Претседателот за одбранбена индустрија на претседателството проф. д-р Исмаил Демир даде изјави на „Состанокот за проценка на 2020 година и целите во 2021 година“. 

Осврнувајќи се на домашните проекти за одбранбена индустрија на Турција, Исмаил Демир рече: „Во 2021 година ќе бидат предадени првите порачки на офанзивното беспилотно летало (ТИХА) Акинџи, ќе продолжи сериското производство на наоружаното беспилотно летало (СИХА) Аксунгур, ќе започне предавањето на првите порачки на Атак Фаз-2.“

Демир нагласи дека во 2021 година ќе продолжи да се внесува во инвентарот (ракетниот систем за противвоздушна одбрана со ниска надморска височина) „Хисар-А+“, а воедно ја сподели следната информација: „Ќе бидат завршени тестовите и ќе биде подготвен да биде внесен во инвентарот (ракетниот систем за противвоздушна одбрана со средна надморска височина) Хисар-О+.“

„Оваа година ќе бидат предадени првите порачки на првата национална антибродска ракета Атмаџа, домашното и национално торпедо Акја и антитенковското оружје Караок.“ - рече претседателот за одбранбена индустрија на претседателството проф. д-р Исмаил Демир. 

 



Слични вести