Турција изрази задоволство од изборите во Казахстан

Изразуваме задоволство од мирното и спокојно завршување на изборите за Долниот дом на Парламентот (Собранието) и локалното собрание Маслихат што се одржаа во Казахстан

1561006
Турција изрази задоволство од изборите во Казахстан

 

Турција изразı задоволство од мирното и спокојно одржување и завршување на парламентарните избори за  Долниот дом на парламентот на Казахстан како и локалните избори во Казахстан.

Министерството за надворешни работи во писменото соопштение во врска со изборите одржани во Казахстан истакна:

„Изразуваме задоволство од мирното и спокојно завршување на изборите за Долниот дом на Парламентот (Собранието) и локалното собрание Маслихат што се одржаа во Казахстан.

Се надеваме дека резултатите од изборите ќе бидат аирлија за пријателскиот и братски казахстански народ. Веруваме дека нашата стратешка соработка со братски Казахстан, која земја оваа година ја одбележува 30-та годишнина од своето постоење, уште повеќе ќе се развие во наредниот период“.



Слични вести