Петер Стано: Ние сме на страната на конструктивен дијалог за соработка со Турција

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано на одржаната редовна дневна прес-конференција истакна дека Европската унија (ЕУ) сака да воспостави конструктивен дијалог за соработка со Турција

1561551
Петер Стано: Ние сме на страната на конструктивен дијалог за соработка со Турција

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано на одржаната редовна дневна прес-конференција меѓу другото одговараше и на поставеното прашање во врска со односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и остварената видео-конференциска средба на 9 јануари помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен.

Стано истакна дека сакаат да се воспостави конструктивен дијалог за соработка со Турција.

Велејќи "Ние сме на страната на конструктивен дијалог за соработка со Турција", Стано истакна дека во текот на целата измината година вложиле напори за да се постигне еден ваков дијалог.

Стано појасни дека и последната остварена видео-конференциска средба помеѓу Ердоган и фон дер Лејен и напорите коишто се водат за доставување на оваа порака беше дел од напредувањето на патот за обновување на конструктивната соработка.

"Она од коешто имавме потреба е ова", рече Петер Стано и напомена дека согласно донесените одлуки на Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) на 10 декември, Европската комисија (ЕК) води работи за генерална проценка на односите со Турција и сите контакти напредуваат во тој правец.

Запрашан за неговите ставови во врска со повикот на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу до Грција за повторно започнување на разговорите за зближување (експлораторските, истражувачките разговори) во јануари, портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано рече: "Повторното започнување на разговорите помеѓу Турција и Грција е развој што го очекува Европската унија (ЕУ). Овие случувања очекуваме да ги хранат напорите во правец на развојот на позитивниот тек во нашите односи."

 



Слични вести