Министерот Хулуси Акар се состана со министерот за надворешни работи на ТРСК Тахсин Ертугрулоглу
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и министерот за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Тахсин Ертугрулоглу разговараа за билатерални и регионални прашања за одбрана, безбедност и соработка

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Анкара се состана со министерот за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Тахсин Ертугрулоглу.
Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, двајцата министри Хулуси Акар и тахсин Ертугрулоглу разговараа за билатерални и регионални прашања за одбрана, безбедност и соработка.
На средбата, министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека кипарско-грчката страна треба да се откаже од своите бескомпромисни ставови и привлече внимание на значењето да се прифати турското присуство на островот и да се знае дека на островот постојат два суверени и еднакви елементи.
Министерот Акар нагласи дека Турција како и секогаш ќе продолжи да застанува во одбрана на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) чии права нема да дозволи да бидат згазени, дека нејзиниот став по ова прашање е јасен и дека стои на истата точка на којашто стоеше во 1974 година.