Чавушоглу: „За Кипарското прашање е потребно решение кое ќе се заснова на две држави“

Ја повикуваме Грција на истражни разговори ви тие рамки првиот состанок да го одржиме во јануари

1561394
Чавушоглу: „За Кипарското прашање е потребно решение кое ќе се заснова на две држави“

 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека треба да се преговара за суверена еднаквост на Кипар и решение кое ќе се заснова на две држави.

Чавушоглу по состанокот со министерот за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Тахсин Ертугрулоглу во Анкара, одржа заедничка прес-конференција.

Чавушоглу, во врска со кипарското прашање рече:

„Треба да се преговара за суверена еднаквост, мора да има решение кое ќе се заснова на за две држави“.

Чавушоглу, така ја покани Грција за истражни разговори и рече:

„Ја повикуваме Грција на истражни разговори ви тие рамки првиот состанок да го одржиме во јануари“.

Министерот за надворешни работи на ТРСК, Ертугрулоглу рече:

„Процесот на преговори меѓу заедниците (за кипарското прашање) заврши. Не може да се преговара за Федерацијата“.



Слични вести