Жозеп Борел: Ние сме спремни да продолжиме да работиме за дијалог со Турција

Високиот претставник за надворешни работи и социјална политика Жозеп Борел истакна дека се спремни да продолжат да работат за дијалог со Турција

1560644
Жозеп Борел: Ние сме спремни да продолжиме да работиме за дијалог со Турција

Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел на својот профил на социјалната медија сподели објава во врска со остварената видео-конференциска средба помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен. 

Борел информира дека се спремни да продолжат да работат за дијалог со Турција.

Велејќи дека и тој лично учествувал на "корисната" средба помеѓу претседателот Ердоган и Урсула фон дер Лејен, Жозеп Борел рече: "Ние сме спремни да продолжиме да работиме за дијалог со Турција."

Борел истакна дека со нетрпение очекува да го пречека во главниот град на Белгија Брисел министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за следење на задолжувањето на Лидерскиот самит на ЕУ во врска со односите со Турција на одржаниот самит на ЕУ во месец декември.

Од друга страна и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен по остварената видео-конференциска средба со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека на средбата со претседателот Ердоган разговарале за Ковид-19! економското опоравување и задолжувањето во врска со односите со Турција на состанокот на Европскиот совет во декември 2020 година.

Во тие рамки, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се очекува на 21 јануари да го посети Брисел. 

 



Слични вести