Во руралното подрачје на Лиџе кај Дијарбакир загина еден војник, двајца војници се ранети

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во вооружена престрелка со терористите во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир стана шехид (загина) еден турски војник, а двајца војници се ранети

1560617
Во руралното подрачје на Лиџе кај Дијарбакир загина еден војник, двајца војници се ранети

Во вооружена престрелка со терористите во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир стана шехид (загина) еден турски војник, а двајца војници се ранети.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи се истакнува дека во вооружена престрелка со терористите во руралното подрачје на Лиџе кај Дијарбакир беа ранети тројца припадници на жандармеријата од кои еден потешко кои беа префрлени во болница, но и покрај сите напори на лекарите тешко ранетиот војник им подлегна на раните и стана шехид (го загуби животот).

Лекувањето на двајцата ранети војници продолжува.

Во соопштението се нагласува дека операцијата во наведеното подрачје продолжува и се подвлекува следното: „На нашиот шехид му посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до нашиот честит народ, на семејството и на нашиот јуначки жандармериски војник, на нашите ранети војници им посакуваме побрзо оздравување.“

 



Слични вести