Сочувство од Шентоп и Чавушоглу за загинатите во авионската несреќа во Индонезија

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го изразија своето сочувство за загинатите во сообраќајната несреќа во Индонезија

1560631
Сочувство од Шентоп и Чавушоглу за загинатите во авионската несреќа во Индонезија

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп објави порака со сочувство за загинатите во срушениот патнички авион во Индонезија.

Шентоп во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Чувствувам длабоко жалење од веста за големиот број човечки загуби при падот на патничкиот авион во Индонезија. На загинатите во несреќата им посакувам милост од Аллах, го изразувам моето сочувство до нивните блиски и до братскиот индонезиски народ.“

Mинистерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така оствари телефонски разговор со индонезискиот министер за надворешни работи Ретно Марсуди.

Чавушоглу го изрази своето сочувство за загинатите во авионската несреќа.

Инаку, вчера беше соопштено дека патничкиот авион со број на лет „SJ182“ во кој се наоѓаа вкупно 62 лица, од кои 50 патници и 12 членови на екипажот, падна во морето во локацијата помеѓу Лаки и островот Ланканг северно од главниот град Џакарта.



Слични вести