Претседателскиот кабинет утре (11 јануари, 2021 година) ќе го одржи својот прв состанок во новата година

Главна точка на состанокот што ќе се одржи под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе биде борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1560771
Претседателскиот кабинет утре (11 јануари, 2021 година) ќе го одржи својот прв состанок во новата година

Утре (11 јануари, 2021 година) ќе се одржи првиот состанок на претседателскиот кабинет во новата година со интензивен дневен ред.

На состанокот што ќе се одржи под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во насловот посветен на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе биде анализирано како се одразени на бројките досега преземените мерки, ќе се разговара за тоа дали ќе бидат преземени нови мерки, а ќе биде направена проценка и на последната состојба во процесот на календарот за вакцинација и набавката на вакцини.

Други точки на дневниот ред на утрешниот состанок на претседателскиот кабинет ќе бидат и случувањата во економијата, последната состојба во операциите во рамките на борбата против тероризмот и регионалните случувања.

Во насловот посветен на надворешната политика пак, ќе биде направена проценка на последната состојба во односите со Западот и ќе бидат разгледани подготовките за самитот меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) за којшто се очекува да се одржи на крајот на овој месец. 

Освен тоа, на состанокот се очекува да бидат поставени на дневен ред и односите со новата управа на Џо Бајден која ќе стапи на должност во Соединетите Американски Држави (САД).



Слични вести