Претседателот Ердоган оствари видео-конференциска средба со Урсула фон дер Лејен

Претседателот Ердоган оствари видео-конференциска средба со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен на која порача дека ЕУ е приоритетна на дневниот ред на Турција и дека иднината на Турција ја гледаат во ЕУ

1560559
Претседателот Ердоган оствари видео-конференциска средба со Урсула фон дер Лејен

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари видео-конференциска средба со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен. 

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, на средбата беа разгледани прашања посветени на развојот на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), а беше направена проценка и на регионални случувања. 

Претседателот Ердоган на средбата истакна дека Европската унија (ЕУ) е приоритетна на дневниот ред на Турција и дека иднината на Турција ја гледаат во Европската унија (ЕУ).

Велејќи дека во новата година посакуваат да отворат нова страница во односите со Европската унија (ЕУ), Ердоган рече дека некои земји членки на ЕУ поради нивната каприциозност и вештачките проблеми коишто ги создадоа не можеше доволно да се искористи 2020 година и дека оваа состојба не само за иднината на односите не е одржлива и од аспект на пошироката заедничка географија.

Претседателот Ердоган напомена дека најзначајниот инструмент што ќе се искористи во прва фаза за позитивниот дневен ред во односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) е ажурирањето на Договорот од 18 март, а воедно укажа на тоа дека 2021 година нуди продуктивна средина од аспект на новата соработка којашто ќе биде започната во сферата на миграцијата.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја изнесе потребата од ажурирање на Царинската унија, воведување на визна либерализација за турските граѓани и фрлање чекор во преговорите за членство.

Тој исто така нагласи дека треба да се воспостави наново меѓусебната доверба, да се обезбеди наново да профункционираат механизмите за консултација, како и да се стави крај игнорирачките, дискриминаторски акти и реторики насочени кон Турција која вон соседна земја е земја кандидат во процес на преговори.

Претседателот Ердоган додаде дека ќе биде корисно повторно да бидат започнати редовните самити на Турција и ЕУ и состаноците за дијалог на високи ниво.

 



Слични вести