Чавушоглу: Со нетрпение очекувам да го посетам Брисел за искрен дијалог фокусиран на резултат

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во одговорот до високиот претставник за надворешни работи и социјална политика на ЕУ Жозеп Борел истакна дека со нетрпение очекува да го посети Брисел за искрен дијалог фокусиран на резултат

1560675
Чавушоглу: Со нетрпение очекувам да го посетам Брисел за искрен дијалог фокусиран на резултат

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу преку својот профил на социјалната мрежа Твитер одговори на споделената објава на високиот претставник за надворешни работи и социјална политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел, посветена на остварената видео-конференциска средба помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен. 

Чавушоглу во својот одговор до Жозеп Борел напипа: „Со нетрпение очекувам да го посетам Брисел за искрен дијалог фокусиран на резултат.“

Инаку, високиот претставник за надворешни работи и социјална политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел во пораката што ја сподели исто така на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша „ Ние сме спремни да продолжиме да работиме за дијалог со Турција.“

Борел истакна дека со нетрпение очекува да го пречека во главниот град на Белгија Брисел министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за следење на задолжувањето на Лидерскиот самит на ЕУ во врска со односите со Турција на одржаниот самит на ЕУ во месец декември.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се очекува на 21 јануари да го посети Брисел.

 



Слични вести