Турскиот совет и честита на Турција за лансирањето на новиот сателит во вселената „Турксат 5А“

Турскиот совет и честита на Турција за лансирањето на новиот сателит од петтата генерациски комуникациски сателити во вселената „Турксат 5А“ и истакна дека се чувствува гордост од технолошките успеси на своите земји членки

1560219
Турскиот совет и честита на Турција за лансирањето на новиот сателит во вселената „Турксат 5А“

Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет или Турскиот Кенеш) и честита на Турција за лансирањето на новиот сателит од петтата генерација комуникациски сателити во вселената „Турксат 5А“ (Türksat 5A).

Во објавеното соопштение на профилот на Турскиот совет на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Турција која е основачки член на Турскиот совет, од Флорида САД успешно го лансирана во вселената својот комуникациски стаелит 'Турксат 5А'. Ние како Турски совет и честитаме на Турција, чувствуваме гордост од технолошките успеси на нашите земји членки.“

Инаку, вчера утрото од вселенската база Кејп Канаверал во сојузната држава Флорида во Соединетите Американски Држави (САД) беше успешно лансирана во вселената петтата генерација комуникациски сателит на Турција „Турксат 5А“ (Türksat 5A).

„Турксат 5А“ (Türksat 5A) е седмиот активен сателит на Турција во вселената.

Петтата генерација комуникациски сателит на Турција „Турксат 5А“ (Türksat 5A) ќе нуди услуги за телевизиско емитување (радиофифузија) и за комуникација со податоци на една пространа географија со која се опфатени Турција, Европа, Блискиот исток, Северна Африка, Централна и Западна Африка, Јужна Африка, Средоземното Море, Егејското Море и Црното Море.

Патувањето на сателитот кој располага со целосно електричен погонски систем „Турксат 5А“ (Türksat 5A) за да стигне до позицијата во својата орбита 31 степени источно се очекува да трае приближно 4 месеци и се има за цел да почне да функционира и да врши услуга во вториот квартал од оваа година.

 



Слични вести