Сочувство од Турција до Индонезија за загинатите во срушениот патнички авион
Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение со сочувство до Индонезија за загинатите во несреќата на патничкиот авион кој се урна во морето во близина на главниот град Џакарта

Турција го изрази своето сочувство до Индонезија за загинатите во несреќата на патничкиот авион кој се урна во морето во близина на главниот град Џакарта.
Во објавената порака со сочувство од страна на Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува дека со големо жалење е дознаено за веста за авионската несреќа во која загинаа повеќе од 60 лица и се вели следното: „Ја споделуваме болката на индонезискиот народ, на загинатите во оваа тажна несреќа им посакуваме милост од Аллах, на нивните блиски им посакуваме сочувство.“
Инаку, во врска со патничкиот авион во сопственост на авиокомпанијата „Сривиџаја ер“ со кој 5 минути по неговото полетување од Џакарта за Понтианак бил изгубен контактот, беше соопштено дека се урнал во морето.
Во срушениот патнички авион се наоѓаа вкупно 62 лица, од кои 50 патници и 12 членови на екипажот.