Претседателот Ердоган: Настаните во Европа и САД повторно го изнесоа на површина двојниот стандард кон Турција

Претседателот Ердоган истакна дека голем број настани коишто се доживуваат во последно време Европа и во Соединетите Американски Држави (САД) повторно го изнесоа на површина двојниот стандард што се применува кон Турција

1560470
Претседателот Ердоган: Настаните во Европа и САД повторно го изнесоа на површина двојниот стандард кон Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со поврзување преку линк во живо од дворецот Вахдеттин во Истанбул учествуваше на церемонијата на свечено отворање на Мостот Девегечиди и патиштата за поврзување на магистралниот пат Дијарбакир-Ергани-Елазиг.

Претседателот Ердоган истакна дека голем број настани коишто се доживуваат во последно време Европа и во Соединетите Американски Држави (САД) повторно го изнесоа на површина двојниот стандард што се применува кон Турција.

Нагласувајќи дека постојано се развива инфраструктурата за развој на Турција, Ердоган рече: „Спроведуваме активности од здравствени услуги до програми за поддршка коишто се земаат за пример од страна на сите. Напредуваме без да отстапиме од сопствената агенда за развој на Турција.“

Претседателот Ердоган во својот говор истакна дека западните земји треба да се самокритикуваат по прашањето на демократијата и рече: „Голем број настани коишто се доживуваат во последно време во Европа и во Соединетите Американски Држави (САД) повторно го изнесоа на површина двојниот стандард што се применува кон нашата земја. Со лекција го следиме тоа како оние кои ја обвинуваат Турција со тоа дека не може да овозможи да профункционира демократијата и дека ги ограничува правата и слободите, тогаш кога ќе се соочат со првата закана ставаат во примена мошне тешки мерки. Оние кои не покажуваат ниту најмала толеранција дури и на алудирањето на тероризмот, долги години се обидоа да ја спречат нашата борба против терористичките организации.“

Нагласувајќи дека оние кои се противат на напорите на Турција за поставување на правна основа на каналите на социјалните медиуми почнаа да фрлаат потпис на примери на најпримитивна цензура, Ердоган рече: „Западот треба да се подложи на самокритика по прашањето на демократијата. Ги споделуваме нашите мислења со нашите соговорници на сите меѓународни платформи на коишто учествуваме, на чело со Обединетите нации (ОН). Фала му на бога до денеска секогаш ги поразивме оние кои се обидуваат да создадат раздор меѓу нашиот народ, кои со јалови политички пресметки или со маргинални опсесии ги напаѓаат нашето единство, нашето братство.“

Ердоган истакна дека ќе има многу поголема потреба од нови заеднички вредности кои ќе се потпираат на правда, правичност и ќе бидат одржливи, ќе бидат издигнати над разлики како што се расната припадност, бојата на кожата, верувањето и културата и ќе го опфатат целото човештво.

„Се надеваме дека ќе се обликуваат во овие рамки глобалната политика и економскиот поредок чие преструктуирање заедно со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е неизбежно.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести