Порака со честитка од претседателот Ердоган по повод 100 годишнината од Победата на Првата битка на Инени

Претседателот Ердоган во објавената порака со честитка по повод 100 годишнината од Победата на Првата битка на Инени истакна дека секогаш и под секакви услови со верност ќе продолжи да се застанува во одбрана на светата татковина и знамето

1560226
Порака со честитка од претседателот Ердоган по повод 100 годишнината од Победата на Првата битка на Инени

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака со честитка по повод одбележувањето на 100 годишнината од извојуваната победата на Првата битка на Инени.

Претседателот Ердоган истакна дека секогаш и под секакви услови со верност ќе продолжи да се застанува во одбрана на светата татковина и знамето.

Ердоган во пораката напомена дека извојуваната победа на Првата битка на Инени која беше првата битка за време на борбата за независност што ја водеше регуларната армија  против грчката армија на западниот фронт, е заведена во историјата како еден од блескавите примери за успех.

Нагласувајќи дека Победата на Првата битка на Инени истовремено е предвестник и на завршувањето со извојување на конечна победа во Борбата за слобода, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пораката напиша: „Победата којашто Гази Мустафа Кемал ја раскажува со зборовите 'Малата, но млада армија со национален идеал на новата држава Турција, на Битката на Инени го победи со најтесна пресметка тројно побројниот непријател', ја зголеми одлучноста и еланот на борбата на нашиот народ. Нашите славни победи коишто нашиот честит народ по цена и на својот живот ги извојува дури и во неможности, ќе продолжат да претставуваат извор на инспирација за нашата иднина. Ние секогаш и под секакви услови со иста свест и верност ќе продолжиме да се застануваме во одбрана на нашата света татковина и нашето свето знаме. По тој повод, со почит и милост се сеќавам на сите јунаштва на нашата Борба за независност, на чело со Гази Мустафа Кемал.“



Слични вести