Чавушоглу во посета на Мадрид: Работиме за да отвориме нови страници во нашите односи со ЕУ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Мадрид се состана со шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја со која одржаа и заедничка прес-конференција

1560346
Чавушоглу во посета на Мадрид: Работиме за да отвориме нови страници во нашите односи со ЕУ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на својата посета на Шпанија што ја оствари вчера се состана со шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја. 

По средбата лице в лице двајцата министри за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и Аранча Гонзалес Лаја одржаа заедничка прес-конференција.

Чавушоглу во оваа пригода истакна дека Турција работи за отворање нови страници во односите со Европската унија (ЕУ). 

Чавушоглу рече дека се едногласни по прашањето на попродуктивното користење на постоечките механизми со Шпанија и одржувањето на седмиот состанок на меѓувладиниот самит во втората половина на годината во Турција.

Мевлут Чавушоглу истакна дека се одлучни по прашањето на заедничкото работење за доведување во уште подобра точка на билатералните односи во секоја сфера

Заблагодарувајќи се за поддршката што ја дава Шпанија на Турција по прашањето на Европската унија (ЕУ), Чавушоглу рече: „Во 2020 година поради проблемите со некои земји членки доживеавме затегнатост во нашите односи со Европската унија (ЕУ). Тоа не е она што го посакуваме. Меѓутоа, дури и во овие тешки услови со истрајноста на земјите со здрав разум како Шпанија и на другите земји кои застануваат во одбрана на здравиот разум, на местото на затегнатоста се претпочитува дијалогот и последниот самит ја подготви основата на тоа. Сега работиме за да отвориме нови страници во нашите односи со ЕУ.“

Мевлут Чавушоглу потсети дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги покани во Турција претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија и дека и тој самиот на 21 јануари во главниот град на Белгија, Брисел ќе се состане со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија Жозеп Борел.

Шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја пак, рече: „Турција за нас не е било каков сосед. Таа е земја која располага со специјална врска со Европската унија (ЕУ), има пристап до надворешните пазари, чија кандидатура за полноправно членство во ЕУ ионака продолжува, која располага со поразлична положба.“

Упатувајќи повик оваа година во односите меѓу ЕУ и Турција да се фокусира на позитивниот дневен ред, Лаја позитивниот дневен ред го појасни како донесување на одлуки за конкретизирање на овие чекори со водење на преговори на основа на дијалог, елиминирање на провокациите и затегнатоста.

Шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја го нагласи и тоа дека Турција е значаен актер во решавањето на регионалните проблеми како Либија, Сирија и Нагорно Карабах и во мировниот процес на Блискиот исток.

 



Слични вести