Во северниот дел на Ирак се неутрализирани четворица терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека со реализирани воздушни операции се неутрализирани четворица терористи на ПКК кои се утврдени со летала за извидување и набљудување во областите Гара и Авашин, во северниот дел на Ирак

1559831
Во северниот дел на Ирак се неутрализирани четворица терористи

Во реализирани воздушни операции на областите Гара и Авашин во северниот дел на Ирак се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека на ефикасен и одлучен начин продолжуваат операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

„Со реализирани воздушни операции се неутрализирани четворица терористи на ПКК кои се утврдени со летала за извидување и набљудување во областите Гара и Авашин, во северниот дел на Ирак.“ - стои во соопштението на Министерството за национална одбрана.



Слични вести