Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија се неутрализирани тројца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи на ПКК/ЈПГ кои отвориле провоцирачки оган врз подрачјето на операцијата Еуфратски штит

1560099
Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија се неутрализирани тројца терористи

Во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои отвориле провоцирачки оган врз подрачјето на операцијата Еуфратски штит.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Исто како во подрачјето на операцијата Извор на мирот, нема да ги дозволиме обидите за напад и префрлување и кон подрачјето на операцијата Еуфратски штит. Нашите командоси кои се гаранција на спокојството и безбедноста, неутрализираа тројца терористи на ПКК/ЈПГ кои отворија провоцирачки оган врз подрачјето на операцијата Еуфратски штит.“



Слични вести