Успешно лансирана во вселената петтата генерација комуникациски сателит на Турција „Турксат 5А“

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу на одржаниот состанок во кампусот на Акционерското Друштво Турксат (Türksat A.Ş) во Ѓолбаши во Анкара соопшти дека е добиен и првиот сигнал од сателитот кој се движи кон орбитата

1559762
Успешно лансирана во вселената петтата генерација комуникациски сателит на Турција „Турксат 5А“
TÜRKSAT 5A 1.jpg
TÜRKSAT 5A 2-2.jpg

Петтата генерација комуникациски сателит на Турција „Турксат 5А“ (Türksat 5A) утрово во 05:15 часот по турско време беше успешно лансирана во вселената  од вселенската база Кејп Канаверал во сојузната држава Флорида во Соединетите Американски Држави (САД).

Сателитот „Турксат 5А“ (Türksat 5A) чие лансирање беше планирано утрово во 04:28 часот по турско време поради временските услови со одложување од приближно 1 час е лансиран во влселената во 05:15 часот по турско време.

„Турксат 5А“ е испратен во вселената со посредство на ракетата „Фалкон 9“ (Falcon 9) во сопственост на компанијата „Спејс екс“ (Space x) и ќе врши услуга на орбитата 31 степен источно.

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу на одржаниот состанок во кампусот на Акционерското Друштво Турксат (Türksat A.Ş) во Ѓолбаши во Анкара соопшти дека е добиен и првиот сигнал  од сателитот кој се движи кон орбитата. 

Министерот Караисмаилоглу рече: „Од нашиот сателит 'Турксат 5А' по 35-тата минута пристигна првиот сигнал. Нашиот сателит го продолжува своето патување. Ова патување ќе трае 4 месеци. Потоа ќе ги направиме нашите тестови и сателитот ќе биде активиран.“

Караисмаилоглу информира дека по 5А ќе бидат лансирани и сателитите 5Б и 6А, во врска со што рече: „Во месец јуни планираме да го лансираме и нашиот сателит 'Турксат 5Б' чие производство во моментов е завршено и чии тестови се направени.“

Велејќи дека продолжуваат работите и во врска со домашниот и национален сателит „Турксат 6А“, Караисмаилоглу истакна дека на тој начин се планира во првите месеци на 2022 година да биде лансиран и „Турксат 6А“.

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу укажа на тоа дека во продолжение на сиве овие случувања ќе следат работите за испраќање свои астронаути во вселената, а воедно додаде дека новата генерација покажува голема заинтересираност во однос на овие прашања така да во наредните години ќе се постигне развој и на тоа поле.

„Турксат 5А“ (Türksat 5A) со својот животен век на маневар во орбитата своите права на фреквенција и орбита ќе ги стави под гаранција во текот на 30 години. 

Петтата генерација комуникациски сателит на Турција „Турксат 5А“ (Türksat 5A) ќе нуди услуги за телевизиско емитување (радиофифузија) и за комуникација со податоци на една пространа географија со која се опфатени Турција, Европа, Блискиот исток, Северна Африка, Централна и Западна Африка, Јужна Африка, Средоземното Море, Егејското Море и Црното Море.

Патувањето на сателитот кој располага со целосно електричен погонски систем „Турксат 5А“ (Türksat 5A) за да стигне до позицијата во својата орбита 31 степени источно се очекува да трае приближно 4 месеци и се има за цел да почне да функционира и да врши услуга во вториот квартал од оваа година.

 



Слични вести