Претседателот Ердоган: Процесот во Америка (упадот во Конгресот) го шокира целото човештво

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегување од клањање џума намаз (петочната молитва) истакна дека процесот во Америка (упадот во Конгресот) навистина го шокира целото човештво

1560023
Претседателот Ердоган: Процесот во Америка (упадот во Конгресот) го шокира целото човештво

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегување од клањање џума намаз (петочната молитва) истакна дека упадот во Соединетите Американски Држави (САД) кои кога ќе стане збор за нив се нарекуваат колевка на демократијата, го шокира целото човештво.

Претседателот Ердоган во својот говор се осврна на (настаните) нередите коишто се појавија на 6 јануари во главниот град на САД Вашингтон кога за време на одржување на седницата за потврдување на победата на Џо Бајден на претседателските избори по упадот на поддржувачите на претседателскиот Доналд Трамп дојде до нереди.

„Овој процес во САД за кои кога ќе стане збор се вели дека се колевка на цивилизацијата, навистина го шокира целото човештво.“ - рече Тој.

Покажувајќи реакција против САД и медиумите во САД кои за време на настаните Гези во Турција во 2013 година и обидот за пуч на 15 јули 2016 година останаа безгласни и објавија мошне различни пораки по ова прашање, претседателот Ердоган го рече следното: „И тогаш на чело на оваа работа (во САД) беа демократите. Видовме дека тоа што се демократите, истото се и републиканците. Гледаме дека претставува црна дамка за демократијата. Ние посакуваме заклучно со 20 јануари да се одржи мирно церемонијата за примопредавање на претседателската должност на Џо Бајден.“

Ердоган нагласи дека во понатамошниот процес посакуваат САД да се стекнат со спокојство со Бајден и продолжи со следните зборови: „Поминуваме низ период на пандемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Во период на една ваква епидемија верувам дека овој процес треба да продолжи со чувствителност. И во меѓународните односи и САД треба да влезат во еден многу поразличен период. Посакувајќи им трпение и на семејствата на загинатите, би сакал да ја изнесам и мојата желба за опоравување.“

Инаку, за време на седницата на 6 јануари во главниот град на САД Вашингтон за верификување на изборната победа на Џо Бајден, протестирачите приврзаници на претседателот Доналд Трамп дојде до нереди во кои како што беше соопштено животот го загубија 5 лица од кои еден полицаец.

Вашингтонската полиција соопшти дека за време на немилите настани беа притворени десетици лица.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своите изјави се осврна и на укинувањето на ембаргото коешто се спроведува од 2017 година од страна на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Египет врз Катар, во врска со што го рече следното: „Укинувањето на ембаргото е многу аирлија (за добро) за Заливот. Не беше позитивен развој да бидат поделени на овој начин на непријателски кампови овие луѓе меѓу кои постојат роднински врски. Тоа што е успеано во моментов ова е позитивно, тоа претставува добар чекор. Се надеваме дека и ние ќе го заземеме нашето место во Заливот и Заливот ќе биде доведена во подобра состојба за соработка.“

Во врска со вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) пак, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Од Кина пристигна првата пратка од 3 милиони дози, меѓутоа тоа ќе се зголеми до 50 милиони.“

Претседателот Ердоган ја изнесе и следната констатација: „Овој случај со Ковид не е само случај, речиси е колера на векот. Затоа како претседател , како власт мораме да го направиме она што е во наши раце. Без оглед на цената ќе ги купиме вакцините, ќе ги купиме и лековите. Еден дел од нив ќе ги произведеме во нашата земја и Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) со нив ќе ја водиме оваа борба, оваа војна.“

 



Слични вести