Претседателот Ердоган: Наскоро ќе ја соопштиме Националната вселенска програма на Турција за 2021-2030 година

Претседателот Ердоган истакна дека наскоро ќе ја соопштат националната вселенска програма на Турција за 2021-2030 година

1560134
Претседателот Ердоган: Наскоро ќе ја соопштиме Националната вселенска програма на Турција за 2021-2030 година

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на специјалната седница на Неделата за сателитски технологии учествуваше преку линк во живо од дворецот Вахдеттин во Истанбул кадешто истакна дека наскоро ќе ја соопштат Националната вселенска програма на Турција за 2021-2030 година.

Нагласувајќи дека посакува да помине успешно патувањето на сателитот „Турксат 5А“ (Türksat 5A) кој утрово беше лансиран во вселената од вселенската база Кејп Канаверал во сојузната држава Флорида во Соединетите Американски Држави (САД) и да почне да ја извршува својата задача на утврдениот датум, претседателот Ердоган рече: „На тој начин, (Со сателитот Турксат 5А) Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) бројот на активните сателити на Турција во вселената ќе го зголемиме на 7. Три од нашите сателити коишто се наоѓаат во вселената се комуникациски, а три набљудувачки. Турција е една од  30 земји кои располагаат со право на орбита во вселената. Го земаме под гаранција во текот на 30 години нашите вселенски права во орбитата источно.“

Заблагодарувајќи на оние кои имаат вложено труд во дизајнот, производството и лансирањето во вселената на сателитот Турксат 5А кој има критично значење од аспект на Турција, претседателот Ердоган продолжи со следните зборови: „По Турксат 5Б планираме да преминеме на нова фаза. Имаме за цел да го поставиме во орбитата и Турксат 6А.“

Ердоган ја даде и радосната вест за лансирање во вселената наредната година и на сателитот со висока резолуција по име ИМЕЏЕ (İMECE) од домашно и национално производство, а воедно подвлече дека наскоро ќе ја соопштат и Националната вселенска програма за  2021-2030 година.

Нагласувајќи дека водат активности за, формирање на база за лансирање на микро сателит, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Со задоволство ги следиме возбудувањата на особено на нашите прашања по ова прашање. Одлучни сме да ја доведеме во состојба на бренд нашата земјаво сферата на вселенските и сателитските технологии коишто располагаат со широк простор на употреба. Нашата инфраструктура којашто ја развиваме постојано заедно со нас ставајќи им ја во услуга и на сите наши пријатели и браќа, обезбедуваме да ја искористат и тие. Непрекинато ги продолжуваме нашите напори за зголемување на нашето присуство и нашите способности.“

 



Слични вести