Објава од претседателот Ердоган во врска со лансирањето на сателитот „Турксат 5А“: Нека е аирлија и со среќа
Претседателот Ердоган во пораката во врска со лансирањето на сателитот „Турксат 5А“ напиша: „Турксат 5А (Türksat 5A) Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) утре (денеска) ќе ни го даде првиот поздрав (селам) од вселената. Нека е аирлија и со среќа.“





Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со петтата генерација комуникациски сателит на Турција „Турксат 5А“ (Türksat 5A) која утрово во 05:15 часот по турско време беше успешно лансирана во вселената од вселенската база Кејп Канаверал во сојузната држава Флорида во Соединетите Американски Држави (САД).
Претседателот Ердоган во пораката напиша: „Турксат 5А (Türksat 5A) Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) утре (денеска) ќе ни го даде првиот поздрав (селам) од вселената. Нека е аирлија и со среќа.“
Сателитот „Турксат 5А“ (Türksat 5A) чие лансирање беше планирано утрово во 04:28 часот по турско време поради временските услови со одложување од приближно 1 час е лансиран во влселената во 05:15 часот по турско време.
„Турксат 5А“ е испратен во вселената со посредство на ракетата „Фалкон 9“ (Falcon 9) во сопственост на компанијата „Спејс екс“ (Space x) и ќе врши услуга на орбитата 31 степен источно.
Петтата генерација комуникациски сателит на Турција „Турксат 5А“ (Türksat 5A) ќе нуди услуги за телевизиско емитување (радиофифузија) и за комуникација со податоци на една пространа географија со која се опфатени Турција, Европа, Блискиот исток, Северна Африка, Централна и Западна Африка, Јужна Африка, Средоземното Море, Егејското Море и Црното Море.
Патувањето на сателитот „Турксат 5А“ (Türksat 5A) за да стигне до позицијата во својата орбита 31 степени источно се очекува да трае приближно 4 месеци и се има за цел да почне да функционира и да врши услуга во вториот квартал од оваа година.
Со лансирањето и на петтата генерација комуникациски сателит „Турксат 5А“ (Türksat 5A), Турција која е една од 30-те земји во светот кои располагаат со свој сателит во вселената, бројот на своите активни сателити го зголеми на 4.
Во меѓувреме, по успешното лансирање на „Турксат 5А“ (Türksat 5A) министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу соопшти дека е добиен и првиот сигнал од сателитот.
Министерот Адил Караисмаилоглу исто така информира дека се планира во јуни оваа година да биде лансиран во вселената и сателитот „Турксат 5Б“ (Türksat 5B).