Мевлут Чавушоглу во посета на Лисабон: Случувањата во САД беа загрижувачки за целиот свет

Министерот Мевлут Чавушоглу во Лисабон кадешто отпатува за официјални средби и разговори рече: „Настаните не само за нас, беа загрижувачки развој и за Европа и целиот свет. Задоволни сме од окончувањето на настаните.“

1559857
Мевлут Чавушоглу во посета на Лисабон: Случувањата во САД беа загрижувачки за целиот свет

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со нередите и немилите настани до коишто дојде по упадот на поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп во зградата на Конгресот го рече следното: „Настаните не само за нас, беа загрижувачки развој и за Европа и целиот свет. Задоволни сме од окончувањето на настаните.“

Министерот Мевлут Чавушоглу во Лисабон кадешто отпатува за официјални средби и разговори се состана со португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Ернесто Сантос Силва, по што се премина на меѓуделегациски разговори.

Потоа двајцата министри за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и Аугосто Ернесто Сантос Силва одржаа и заедничка прес-конференција. 

Чавушоглу во направената проценка во врска со нередите до коишто дојде откако поддржувачите на претседателот Доналд Трамп влегоа во зградата на Конгресот во главниот град на САД, Вашингтон, истакна дека лично не е зачуден од овие настани, бидејќи ионака знаците за тоа се следат од претседателските избори наваму. 

Мевлут Чавушоглу, го рече следното: „Навистина бевме многу загрижени. Настанот што се случи завчера во Вашингтон, е настан којшто се случува во САД за прв пат и на крајот завладеа разумот. Онашто се случи таму, не само за нас, беше загрижувачки развој и за Европа и целиот свет. На крајот завладеа разумот и сме задоволни од окончувањето на настаните.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на остварената средба со својот португалски колега министерот за надворешни работи Аугосто Ернесто Сантос Силва, информира дека одлучиле состанокот на Мешовитата економска комисија помеѓу Турција и Португалија да се одржи пред меѓувладиниот самит.

Велејќи дека на средбата со Силва освен за билатерални прашања разговараа и за регионални прашања, Чавушголу рече дека во тие рамки беше направена проценка на ситуацијата во Либија, Нагорно Карабах, Сирија, Источниот Медитеран, Венецуела и Африка, а поготово за ситуацијата во Мозамбик.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во Лисабон беше примен и кај португалскиот премиер Антонио Коста, а се состана и со Педро Роки Оливеира, претседателот на Меѓупарламентарната група за пријателство помеѓу Португалија и Турција.

 



Слични вести