Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге упати пофалби до Турција за борбата против Ковид-19

Според објавеното писмено соопштение од министерството за здравство, министерот Фахреттин Коџа разговараше преку видео-конференција со Ханс Клуге, директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа

1559648
Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге упати пофалби до Турција за борбата против Ковид-19

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа Ханс Клуге упати пофалби до Турција.

Според објавеното писмено соопштение од министерството за здравство, министерот Фахреттин Коџа разговараше преку видео-конференција со Ханс Клуге, директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа.

Во разговорот, беа разгледани растот во бројот на случаите на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во регионот на Европа, мутацијата на вирусот и актуелната состојба и работите за вакцина и процесот на вакцинација во Турција.

Притоа, директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа Ханс Клуге и се заблагодари на Турција поради тоа што ги следи препораките на Светската здравствена организација (СЗО) во борбата против епидемијата.

„Активностите и лидерството на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се ценат од страна на сите земји. Би сакал да ви честитам за вашиот систем за обезбедување на силни податоци и информации. Истовремено ви честитам и за работите за вакцина коишто се водат во Турција, работите за развивање на комплет за брза дијагноза, како и за тоа што го зголемивте обемот на активностите коишто ги реализирате по прашањето на  секвенционирање на геномот на вирусот.“ - рече директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа Ханс Клуге.



Слични вести