Чавушоглу напиша за португалски „Диарио до Нотициас“: Турскиот народ својата иднина ја гледа во ЕУ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу напиша за португалски „Диарио до Нотициас“: Турскиот народ својата иднина ја гледа во ЕУ

1560109
Чавушоглу напиша за португалски „Диарио до Нотициас“: Турскиот народ својата иднина ја гледа во ЕУ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу напиша статија за португалскиот весник „Диарио до Нотициас“ под наслов „Турскиот народ својата иднина ја гледа во ЕУ“.

Чавушоглу во оваа своја статија истакна дека Турција е и ќе продолжи да биде неразделен историски дел на Европа.

Велејќи дека претседателствувањето на Португалија со Европската унија (ЕУ) се оценува како можност од аспект на воспоставување поправедни односи меѓу Турциа и Унијата, Мевлут Чавушоглу рече: „Секогаш ја дочекавме со задоволство принципиелната поддршка на Португалија во однос на проширувањето на Европската унија (ЕУ) и процесот на членството на Турција и развојот на односите меѓу Турција и ЕУ."

Чавушоглу истакна дека се сигурни и во тоа дека Португалија е свесна за вредноста којашто Турција ќе ја придаде на Европската унија (ЕУ).

Мевлут Чавушоглу истакна дека верува оти развивањето на односите на Турција со Европската унија (ЕУ) во правец на перспективата на пристапување претставува пат за во иднина, а воедно напомена дека турскиот народ својата иднина ја гледа во Европската унија (ЕУ).

Велејќи „Како што нагласува и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ние сакаме нашата иднина да ја градиме заедно со Европската унија (ЕУ)“, Чавушоглу подвлече дека нема било какво откинување од проектот за интеграција со Европа во односите и активната надворешна политика на Турција коишто се развиваат во другите делови на светот.

Мевлут Чавушоглу напомена дека тоа што Турција располага со силни врски со овие делови на светот претставува „голема стратешка додадена вредност “ за Европската унија (ЕУ), а воедно го нагласи следното: „За жал Европската унија (ЕУ) не може да ја види оваа вредност којашто би можела да ја донесе Турција.“

 



Слични вести