Во Турција од Ковид-19 во изминатите 24 часа починаа 194 лица, регистрирани се 12.171 позитивен случај

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 194 лица, регистрирани се 1.370 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 12.171 лице

1559480
Во Турција од Ковид-19 во изминатите 24 часа починаа 194 лица, регистрирани се 12.171 позитивен случај

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 194 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 22.264 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 183.003 тестирања од кои се дијагностицирани 1.370 новозаболени.

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 12.171 лице.

Заврши лекувањето на уште 8.211 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 милиони 172 илјади 251 лице.

Од друга страна, министерот за здравство Фахреттин Коџа во дадената изјава на крајот на првиот состанок на Научниот совет во 2021 година што се одржа вчера истакна дека по завршување на безбедносните тестирања на вакцините ќе биде издадено итно одобрение за примена.

 



Слични вести