Шентоп: „Случувањата во САД ги следиме со загриженост и страните ги повикуваме на умереност“

Веруваме дека проблемите секогаш можат да се решат во рамките на правото и демократијата

1558909
Шентоп: „Случувањата во САД ги следиме со загриженост и страните ги повикуваме на умереност“

Претседателот на Големото национално собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, рече дека настаните во Соединетите Американски Држави (САД) ги следат со загриженост поради што страните најпрвин ги повикуваме на умереност.

Шентоп, во објавата на својот профил на социјалните мрежи, направи проценка на вчерашните настани по претседателските избори во САД и кои кулминираа со влегување на демонстрантите во зградата на Конгресот.

Мустафа Шентоп рече:

„Инцидентите во Соединетите Американски Држави ги следиме со голема загриженост, поради што страните најпрвин ги повикуваме на умереност. Веруваме дека проблемите секогаш можат да се решат во рамките на правото и демократијата. Турција, секогаш беше на страната на правото и демократијата. Затоа на сите им го препорачуваме тоа“.

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул во објавата преку профилот на Твитер истакна:

„Со загриженост ги следевме настаните што се случија во Конгресот на САД. Посакувам демократијата и правото да функционираат во САД, како што секогаш и секаде браниме, да се почитува волјата на гласачите и тоа да се манифестира.“

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, во објавата што ја сподели на својот профил на Твитер во врска со групата демонстранти кои демонстрираа во знак на поддршка на претседателот Доналд Трамп во Вашингтон, главниот град на САД и кои ги преминаа полициските барикади и влегоа во зградата на Конгресот рече:

„Со загриженост ги следиме настаните во Соединетите Американски Држави“. Калин истата порака ја сподели и англиски јазик.

Шефот за комуникации на претседателството Фахретин Алтун, во објавата на својот профил на Твитер истакна:

„Ние го одржуваме нашето верување дека демократијата во САД ќе стане оперативна што е можно поскоро со сите свои институции и имплементации“.

Волкан Бозкир, претседателот на 75-то Генерално заседание на Обединетите нации (ОН) изрази жалење и загриженост поради вчерашните настани што се случија по упадот на приврзаниците на претседателот Доналд Трамп во американскиот Конгрес.

Бозкир, на неговиот профил на Твитер истакна:

„Соединетите Американски Држави се една од најголемите демократии во светот. Верувам дека во толку критично време, во демократските процеси во нашата земја домаќин ќе надвладеат мирот и почитта“.



Слични вести