Ердоган: „Економската соработка со Албанија ќе ја искачиме на повисоко ниво“

Синоќа по средбите, Ердоган и Рама одржаа заедничка прес конференција

1558860
Ердоган: „Економската соработка со Албанија ќе ја искачиме на повисоко ниво“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека економската соработка со Албанија планираат да ја искачат на повисоко ниво.

Претседателот Ердоган по тет-а тет средбата и меѓу-делегациските средби со албанскиот премиер Еди Рама, кој престојуваше во посета на Анкара одржа заедничка прес-конференција.

Ердоган рече дека планираат да ги зголемат инвестициите во инфраструктурата и туризмот во Албанија и дека економската соработка со оваа земја сакаат да ја искачат на повисоко ниво.

Наведувајќи дека со поддршка на Турција во Албанија ќе се изгради болница, Ердоган рече:

„Со универзитетот кој го презеде фондацијата„ Маариф“ во Албанија, ќе се формира Истанбулски технички универзитет“.

Албанскиот премиер Еди Рама на средбата со претседателот Ердоган рече дека гледа силна волја да се отвори нова страница во односите меѓу двете земји.

Рама, исто така му се заблагодари на турскиот народ за поддршката за време на земјотресите што ја погодија Албанија (претходната и минатата година) и кој секогаш е на страната на нивната земја.



Слични вести