Фуат Октај и албанскиот премиер Еди Рама го посетија Претседателството за одбранбена индустрија

Потпретседателот Фуат Октај и албанскиот премиер Еди Рама го посетија Претседателството за одбранбена индустрија

1559436
Фуат Октај и албанскиот премиер Еди Рама го посетија Претседателството за одбранбена индустрија

Потпретседателот Фуат Октај и албанскиот премиер Еди Рама кој допатува во официјална посета на Турција, го посетија Претседателството за одбранбена индустрија.

Октај и Рама во оваа прилика се состанаа со претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир. 

Албанскиот премиер Еди Рама се потпиша и во спомен книгата на Претседателството за одбранбена индустрија.

Во говорот што го одржа овде потпретседателот Фуат Октај истакна дека Турција и Албанија располагаат со мошне обемни односи од минатото и дека овие односи беа разгледани и на средбата којашто албанскиот премиер Еди Рама ја одржа вчера со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

Велејќи дека Рама престојува во посета на Претседателството за одбранбена индустрија за добивање информации во врска со проектите за коишто е заинтересирана неговата земја во правец на своите потреби, потпретседателот Фуат Октај рече: "Денеска ги угостуваме овде особено во рамките на случувањата во сферата на одбранбената индустрија и потребите на Албанија. Ќе споделиме информации со нив во рамките на проектите за коишто се заинтересирани и ќе им бидат доставени потребните излагања."

Потпретседателот Фуат Октај освен тоа ја сподели и информацијата дека во врска со проектите и производите за коишто покажува заинтересираност Албанија Еди Рама ќе ја посети и Турската компанија за воена електронска индустрија АСЕЛСАН.

"Потоа во рамките на потребите ќе продолжат деталните разговори." - рече Октај. 

Албанскиот премиер Еди Рама му се заблагодари на потпретседателот Фуат Октај и истакна дека чувствува голема чест од тоа што се наоѓа во посета на Претседателството за одбранбена индустрија.

По одржаните говори албанскиот премиер Еди Рама и делегацијата во негова придружба беа информирани во врска со проектите коишто се водат од страна на Претседателството за одбранбена индустрија.

 



Слични вести