Турција изрази задоволство од постигнатиот компромис во Заливот
Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека е дочекано со задоволство соопштението на 41. Самит на Советот за Заливска соработка што се одржа во градот Ал Ула во Саудиска Арабија

Турција изрази задоволство од постигнатиот компромис во Заливот.
Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека е дочекано со задоволство соопштението на 41. Самит на Советот за Заливска соработка што се одржа во градот Ал Ула во Саудиска Арабија за презентирање на заедничка волја на патот за решавање на Заливскиот спор и за повторно воспоставување на дипломатските односи со Катар.
Во соопштението на Министерството се истакнува дека Турција му придава значење на единството и солидарноста на Советот за Заливска соработка, а исто така се подвлекува и следното: „Со повторното воспоставување на довербата меѓу Заливските земји, Турција е спремна да вложи напори за унапредување на институционалната соработка со Советот за заливска соработка чиј е и стратешки партнер.“