Турција им испрати помош на погодените од земјотресот во Хрватска

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека на погодените од земјотресот во Хрватска и е доставена помош од 272 грејачи и 480 семејни шатори на АФАД со површина од 16,5 квадратни метри

1558167
Турција им испрати помош на погодените од земјотресот во Хрватска

По земјотресот со јачина од 6,2 степени што неодамна ја погоди Хрватска од страна на Турција им е испратена помош на погодените од оваа елементарна непогода.

Во објавеното соопштение од страна на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) се потсетува дека во земјотресот што се случи на 29 декември 2020 година во Хрватска животот го загубија 7 лица, а 28 лица беа повредени.

Во соопштението се вели дека на погодените од земјотресот во Хрватска и е доставена помош од 272 грејачи и 480 семејни шатори на АФАД со површина од 16,5 квадратни метри со коишто ќе им се овозможи да се згрејат во овие зимски услови.

„30 од контејнерите за сместување на АФАД на 3 јануари во 06:00 часот по турско време се натоварени на Ро-Ро брод и тргнаа на пат. /... /. Останатите 70 контејнери за сместување е планирано да бидат испратени на 5 јануари вечер (вчера) исто така по море.“ - стои во соопштението на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД).



Слични вести