Претседателот Ердоган го пречека албанскиот премиер Еди Рама со официјална церемонија

По церемонијата на официјален дочек претседателот Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама преминаа на средба лице в лице, по што под нивно претседателство се премина на меѓуделегациски разговори

1558709
Претседателот Ердоган го пречека албанскиот премиер Еди Рама со официјална церемонија
Recep Tayyip Erdoğan - Edi Rama 01.jpg
Recep Tayyip Erdoğan - Edi Rama 03.jpg
Recep Tayyip Erdoğan - Edi Rama 02.jpg
erdogan-edi rama.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во претседателската палата во Бештепе во Анкара го пречека со официјална церемонија албанскиот премиер Еди Рама кој допатува во посета на Турција. 

По церемонијата на официјален дочек се премина на средба лице в лице. 

Потоа, под претседателство на претседателот Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама преминаа на меѓуделегациски разговори.

На разговорите ќе бидат преразгледани билатералните односи помеѓу Турција и Албанија, а ќе бидат разгледани и чекорите коишто би можеле да се фрлат за развивање на взаемната соработка.

Освен тоа ќе бидат разменети и мислења во однос на актуелни регионални и меѓународни случувања.

По остварените разговори претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.

 



Слични вести