Од градот Дијарбакир се испратени во северниот дел на Сирија 258 турски војници командоси

Испратените 258 турски војници Мехметчик ќе бидат распоредени во подрачјето на операцијата Извор на мирот и во градчето Раулајн во северниот дел на Сирија, кои се исчистени од терористите

1558465
Од градот Дијарбакир се испратени во северниот дел на Сирија 258 турски војници командоси

Од градот Дијарбакир со читање дови (молитви) се испратени во северниот дел на Сирија 258 војници Мехметчик кои ќе учествуваат во прекуграничните операции на Турските вооружени сили (ТВС).

Испратените турски војници ќе бидат распоредени во подрачјето на операцијата Извор на мирот и во градчето Расулајн во северниот дел на Сирија, кои се исчистени од терористите.

Командантот на жандармерискиот полк на командоси во Силван жандармериски полковник Фатих Јилзма во говорот што го одржа на одржаната церемонија на испраќање на турските војници Мехметчик истакна дека војниците задачата којашто ја исполнуваат за воспоставување на спокојството и средината на доверба на татковинските територии, сега ќе ја исполнуваат во градчето Расулајн за елиминирање на терористичката закана против постоењето на земјата.  

По церемонијата на која беше читано Куран-и Керим, 258 турски војници Мехметчик од Командата на вториот командоски баталјон кои се збогуваа со своите семејства беа испратени со читање дови (молитви) за преземање на должноста од првиот жандармериски командоски баталјон во Силван, распореден на задача во градчето Расулајн во северниот дел на Сирија.



Слични вести