Мевлут Чавушоглу им се обрати на амбасадорите на земјите членки на АСЕАН во Анкара

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу им се обрати на амбасадорите на земјите членки на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Анкара

1558571
Мевлут Чавушоглу им се обрати на амбасадорите на земјите членки на АСЕАН во Анкара

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу им се обрати на амбасадорите на земјите членки на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Анкара. 

Чавушоглу истакна дека Турција во рамките на иницијативата „Азија Одново“ им придава посебно значење на односите со Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН).

Мевлут Чавушоглу им ја честита новата година на учесниците на состанокот и го изрази своето сочувство за загинатите во катастрофата од поплави коишто ги погодија Филипините.

Велејќи дека го одржуваат четвртиот традиционален состанок со групата на амбасадорите на земјите на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Анкара, Чавушоглу потсети дека претходниот состанок беше одржан а 11 јули 2019 година.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу појасни дека поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) минатата (2020) година не можеа да учествуваат на состанокот на министрите за надворешни работи на АСЕАН, а воедно истакна дека доколку оваа година се појават погодни услови ќе учествуваат на 55-от состанок на министрите за надворешни работи на АСЕАН.

Чавушоглу привлече внимание дека Турција денеска се уште го презема привременото претседателствување на три организации во Азија (Парламентарната Асамблеја на Азија (ПАА), Организацијата за економска соработка, Дијалогот за соработка во Азија). Тој напомена дека на 21 јануари ќе се одржи состанокот на министрите за надворешни работи на Дијалогот за соработка во Азија и дека на овој состанок очекуваат да учествуваат и министрите за надворешни работи на земјите на АСЕАН.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така информира дека на денешниот состанок ќе биде направена проценка на постигнатиот развој во односите во 2020, а ќе биде разгледано и тоа како ќе се развијат односите на билатерално ниво и со Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија во наредните години.



Слични вести