Во 2020 година по пат на убедување се предадоа 243 терористи на ПКК

Заменик министерот за внатрешни работи и портпарол на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли истакна дека минатата (2020) година по пат на убедување се предадоа 243 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1557735
Во 2020 година по пат на убедување се предадоа 243 терористи на ПКК

Минатата (2020) година по пат на убедување се предадоа 243 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Заменик министерот за внатрешни работи и портпарол на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли на одржаната месечна прес-конференција ја сподели со претставниците на печатот последната состојба до која е дојдено во борбата против тероризмот. 

Според тоа, во реализираните антитерористички операции минатата (2020) година се неутрализирани вкупно 104 терористи т.н. високи раководители од кои 9 од списокот на барани терористи во категоријата означена со црвена боја.

Чатакли соопшти дека минатата (2020) година се предадоа 321 член на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од кои беше стапено во контакт со семејствата на 243 од нив за кои беше установено дека се членови на ПКК и по пат на убедување беше обезбедено да слезат од планина. 

Според податоците коишто беа објавени од страна заменик министерот за внатрешни работи Исмаил Чатакли, во рамките на операциите „Стапица“ (Kapan) кои беа реализирани и завршени во 9 различни подрачја од 8 јануари до 12 јули 2020 година и операциите „Молња“ (Yıldırım) кои започнаа од 13 јули 2020 година и продолжуваат во 17 различни подрачја се неутрализирани 262 терористи, а беа фатени и 173 соработници.

Во рамките на сиве овие антитерористички операции се запленети и оружје, експлозивен материјал и големи количини храна и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

 



Слични вести