Турција ја поздрави одлуката на Катар и Саудиска Арабија

овој развој претставува важен чекор кон решавањето на спорот што трае од јуни 2017 година во Персискиот залив

1557452
Турција ја поздрави одлуката на Катар и Саудиска Арабија

 

Турција ја поздрави и изрази задоволство од одлуката на Катар и Саудиска Арабија за отворање на копнените, морските и воздушните граници.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи беше истакнато следното: „Ја поздравуваме одлуката за отворање на копнените, морските и воздушните граници меѓу Катар и Саудиска Арабија“.

Во соопштението се наведува дека овој развој претставува важен чекор кон решавањето на спорот што трае од јуни 2017 година во Персискиот залив.

„За восхит се напорите на меѓународните актери, особено на Кувајт, кои придонесоа за донесување одлуки преку своите активности за посредување и олеснување. Се надеваме дека овој конфликт ќе се реши на сеопфатен и постојан начин врз основа на взаемно почитување на суверенитетот на земјите и дека во најскоро време ќе бидат укинати другите санкции против народот на Катар. Нашата земја, која е стратешки партнер на Советот за заливска соработка и придава големо значење на безбедноста и стабилноста на регионот на Персискиот залив, ќе продолжи да ги поддржува сите напори во оваа насока“.

Министерот за надворешни работи на Кувајт Ахмед Насер Мохамед ес-Сабах изјави дека од вечерва е постигнат договор за отворање на копнените, морските и воздушните граници меѓу Саудиска Арабија и Катар.



Слични вести