„Оруч Реис“ најмногу пребаруван брод од страна на корисниците на интернет во 2020 година во светот

Бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ стана најмногу пребаруван брод од страна на корисниците на интернет во 2020 година во светот

1557868
„Оруч Реис“ најмногу пребаруван брод од страна на корисниците на интернет во 2020 година во светот

Бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ кој својата задача за пребарување на нафта и јаглеводородни ресурси во Источниот Медитеран ја започна во 2017 година, го зазеде првото место на списокот на најмногу пребаруваните бродови од страна на корисниците на интернет во целиот свет.

Интернет страницата по име "Marine Traffic" којашто нуди информации во реално време во врска со пловидбата и локациите на бродовите, ги соопшти најмногу преваруваните бродови во 2020 година.

Според податоците, минатата (2020) година бродот „Оруч Реис“ стана брод којшто беше пребаруван најмногу на интернет во целиот свет.

Бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ својата задача за пребарување нафта и јаглеводородни ресурси во Источниот Медитеран ја продолжи во текот на 2020 година.

Задачата за придружување на „Оруч Реис“ ја презедоа една фрегата и 4 корвети на Турските поморски сили, а беше дадена поддршка и од страна на една подморница.

Бројот на воените бродови кои го штитеа „Оруч Реис“ во критични периоди се зголеми и до 8.

За бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ кој повремено за одржување и снабдување повремено се врати во пристаништето на Анталија, е издадена навигациска информација "NAVTEX" (поморска предупредувачка белешка) која ќе трае до 15 јуни.

Поради активностите во Источниот Медитеран како еден од регионите коишто располагаат со најголеми резерви на природен гас, особено во втората половина на годината дојде до покачување на тензијата меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Активностите на бродот „Оруч Реис“ беа едната од точките на дневниот ред и на Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) на којшто исто така се најде агендата посветена на Источниот Медитеран.

Бродот „Оруч Реис“ во текот на своите активности во чии рамки реализира дводимензионални и тродимензионални длабоки сеизмички истражувања, се следеше со заинтересираност во целиот свет.

 



Слични вести