Министерот Акар: Турција е на страната на разговори со Грција

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција е на страната на разговори со Грција за решавање на присутните проблеми

1557965
Министерот Акар: Турција е на страната на разговори со Грција

Турција соопшти дека е на страната на започнување на разговорите со Грција во рамките на експлораторските (истражувачките) разговори, мерките за зголемување на довербата и разградување.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар го прими во Министерството за национална одбрана амбасадорот на Германија во Анкара Јурген Шулц. 

Министерот Акар во дадената изјава направи проценки во однос на проблемите коишто се доживуваат во последно време со Грција во Егејското Море и Источниот Медитеран.

Нагласувајќи дека политиката на Турција во Источниот Медитеран уште од почетокот е отворена и јасна, Хулуси Акар рече: "Како што повторивме и повторуваме во секоја прилика уште од првиот ден, ние сме на страната на меѓународното право. Сакаме, очекуваме да се применуваат меѓународното право и билатералните договори. По ова прашање им придаваме мошне големо значење на добрососедските односи. Веруваме дека сите проблеми треба да се решат по пат на разговори и дијалог, како и да изнајдеме политички решенија. И тоа го изнесуваме во секоја прилика."

Велејќи дека во рамките на досега реализираните активности се поставени на дневен ред бројни прашања, Хулуси Акар рече: "За систематско дискутирање, разговарање на сето тоа очекуваме од една страна да започнат експлораторските (истражувачките) разговори, а од друга страна разговорите во рамките на мерките за доверба и зголемување на довербата. Освен тоа очекуваме да започнат о разговорите за разградување за коишто беше одлучено да се одржат на крајот на остварените разговори на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг."

Акар воедно и се заблагодари на Германија за придонесите кон мирот и придонесите во Источниот Медитеран, во врска со што го рече следното: " Беа обезбедени многу сериозни придонеси. Очекуваме овие придонеси да продолжат. Сакам да го истакнам и тоа дека од сите трети страни очекуваме да ги оценат објективно и проблемите помеѓу Турција и Грција."

Германскиот амбасадор во Анкара Гунтер Шулц пак, истакна дека очекуваат што поскоро да се реши затегнатоста и дека најдобриот пат за тоа се меѓусебните разговори.

 



Слични вести