Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 194 лица, регистрирани се 14.494 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 194 лица, регистрирани се 1.477 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 14.494 лица

1557970
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 194 лица, регистрирани се 14.494 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 194 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 21.879 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 183.413 тестирања од кои се дијагностицирани 1.477 новозаболени.

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 14.494 лица.

Заврши лекувањето на уште 8.908 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 милиони 155 илјади 338 лица.

Од друга страна, министерот за здравство Фахреттин Коџа соопшти дека 3 кандидати за инактивна вакцина доставија барање до Институцијата за лекови и медицински апарти на Турција (TİTCK) за дозвола за тестирање врз луѓе и дека овие 3 кандидати за вакцина се дојдени до фаза за започнување со тестирања врз луѓе.

Министерот Фахреттин Коџа ја изнесе следната констатација: „Научниот капацитет на нашата земја е надлежен да може да ги води активностите за истражување и развивање за сите видови вакцина. Завршени се процесите на сертификација на добрите применувања на производство на сите постројки коишто би можеле да го реализираат производството на вакцина во нашата земја.“



Слични вести