Скијачкиот центар Мерга Бутан кај Хаќќари почна да им пружа услуга на скијачите

Во скијачкиот центар кадешто дебелината на снежната покривка достигна до половина метар спортистите скијачи тренираат под надзор на инструкторите и се подготвуваат за националните и меѓународните натпревари

1556651
Скијачкиот центар Мерга Бутан кај Хаќќари почна да им пружа услуга на скијачите

Скијачкиот центар Мерга Бутан со надмоска височина од 2.800 метри во подрачјето на градот Хаќќари со прземање на неопходните превентивни мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19) почна да им пружа услуга на екипните спортисти.

Скијачкиот центар кој е изграден со поддршка на Губернијата на Хаќќари, Специјалната градска администрација и Агенцијата за развој на Источна Анадлија (ДАКА), а во чии рамки со инвестиција од 15 милиони турски лири (приближно 2,1 милион долари) е продолжена пистата и е изграден ски-лифт со четири седишта, овогодишната скијачка сезона ја отвори за екипните спортисти скијачи.

Во скијачкиот центар кадешто дебелината на снежната покривка достигна до половина метар спортистите скијачи тренираат под надзор на инструктори и се подготвуваат за националните и меѓународните натпревари.



Слични вести