Посмартните останки на загинатите и ранетите турски граѓани во терористичкиот напад во Сомалија се донесени во земјата

Посмартните останки на загинатите и ранетите турски граѓани во реализираниот терористички напад врз една турска фирма во Сомалија, со помош на авион на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) се донесени во земјата

1556726
Посмартните останки на загинатите и ранетите турски граѓани во терористичкиот напад во Сомалија се донесени во земјата

Посмртните останки на турските работници кои го загубија животот во терористичкиот напад во Сомалија, Селами Ајдогду и Ердинч Генч, и четворицата турски работници кои беа ранети во нападот, со помош на авион на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), се донесени во земјата.

Омер Ајдогду, едниот од ранетите турски работници кои со авионот на „Туркиш Ерлајнс“ кој полета од главниот град на Сомалија, Могадишу, и пристигна на Истанбулскиот аеродром со трансфер од Џибути, во дадената изјава за новинарите истакна дека терористичкиот напад бил извршен за време на работите за асфалтирање на магистралниот пат.

Велејќи дека со експлозијата легнале на земјата, Омер Ајдогду рече: „Ние работевме татко-син. Во нападот го изгубив мојот син. Тоа е многу голема болка.“

Ајдогду истакна дека во Сомалија отишле да работат од градот Чорум и дека биле 6 мина работници.

Еден друг турски граѓанин кој беше ранет во терористичкиот напад Јавуз Ерџан, истакна дека терористичкиот напад бил многу жалосен, но дека останал во живот,

Тој рече: „Ги изгубивме нашите браќа, тоа е многу жалосно. Камо да не се случеше, но не е можно да се направи ништо.“

Еден друг ранет турски граѓанин Имдат Узунџаќоше исто така истакна дека чувствува големо жалење поради нападот.

Шаќир Четинкаја кој во терористичкиот напад беше ранет од ногата од страна на медицинска екипа беше качен на носилка и беше однесен во болница.

Посмртните останки на двајцата загинати турски граѓани Селами Ајдогду и Ердинч Генч, беа испратени во нивниот роден град Чорум.

Инаку, во реализираниот терористички напад со возило бомба на 2 јануари во Сомалија врз вработените на една турска фирма која работеше на изградбата на еден магистрален пат, животот го загубија двајца турски граѓани, а четворица турски граѓани беа ранети.

 



Слични вести