Во подрачјето на планината Габар кај Ширнак се неутрализирани 5 терористи

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу информира дека во подрачјето на планината Габар кај градот Ширнак се неутрализирани 5 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1556389
Во подрачјето на планината Габар кај Ширнак се неутрализирани 5 терористи

Во една пештера во подрачјето на планината Габар кај градот Ширнак се неутрализирани 5 мина вооружени терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Соопштението пристигна од министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Министерот Сојлу на својот профил на социјалната медија информира дека во една пештера во подрачјето на планината Габар кај градот Ширнак се  неутрализирани 5 терористи.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во својата споделена објава го напиша следното:

„Нашите јунаци во 2021 првата вест ја дадоа од планината Габар... Влегоа во нивните дупки (на терористите). Во една пештера од страна на нашите јуначки командоси се неутрализирани 5 терористи со нивните оружја и муниција... Аллах да ги сочува нашите деца...“

Како што е установено двајца од петте неутрализирани терористи се наоѓале во  списокот на барани терористи од категоријата означена со сива боја.

Во меѓувреме, според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, се неутрализирани и двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот, како и еден терорист во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија.

 



Слични вести