Сочувство од Турција до Нигер за загинатите во терористичкиот напад врз две села

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во кое се изразува сочувство за загинатите во извршениот вооружен терористички напад врз две села во западноафриканската држава Нигер

1556409
Сочувство од Турција до Нигер за загинатите во терористичкиот напад врз две села

Турција го осуди извршениот вооружен терористички напад врз две села во западноафриканската држава Нигер во кој загинаа 70 цивили, а 20 мина беа ранети.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се потсетува дека во вчерашниот извршен терористички напад врз селата Чомбангу и Зарумдареје во Нигер, во близина на границата со Мали, загинаа и се ранети голем број лица. 

Во соопштението се истакнува следното: "Жестоко го осудуваме овој гнасен терористички акт. Го изразуваме нашето искрено сочувство до пријателскиот и братски нигерски народ и до Владата на Нигер. На загинатите им посакуваме милост од Аллах, на ранетите им посакуваме побрзо оздравување."

Инаку, во извршениот вооружен терористички напад вчера врз две села во западноафриканската држава Нигер загинаа 70 цивили, а 20 мина беа ранети.

 



Слични вести