Чавушоглу разговараше телефонски со семејствата на загинатите и ранетите турски граѓани во Сомалија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со семејствата и блиските на турските граѓани кои ги загубија животите и беа ранети во извршениот терористички напад во Сомалија

1556495
Чавушоглу разговараше телефонски со семејствата на загинатите и ранетите турски граѓани во Сомалија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со семејствата и блиските на турските граѓани кои ги загубија животите и беа ранети во извршениот терористички напад вчера во Сомалија.

Според добиени информации од дипломатски извори, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во телефонскиот разговор го изрази своето сочувство до семејствата на турските граѓани кои ги загубија животите во терористичкиот напад во Сомалија, а на блиските на ранетите турски граѓани им посака побрзо оздравување.

Министерот Чавушоглу освен тоа разговараше и со сопственикот на турската фирма чии вработени беа цел на терористичкиот напад од кого доби информации во врска со состојбата и му го достави своето сочувство и својата желба за побрзо опоравување.

Инаку, во извршениот терористички напад вчера врз вработените на една турска фирма која работи на изградбата на еден магистрален пат во Сомалија загинаа двајца турски граѓани, а тројца турски граѓани беа ранети. 

Министерот за здравство Фахреттин Коџа по веста за терористичкиот напад соопшти дека лекувањето на ранетите турски граѓани во нападот продолжува во Болницата "Реџеп Тајјип Ердоган" во сомалискиот главен град Могадишу. 

 



Слични вести